ПЕНС МУ ГО СВРТЕ ГРБОТ НА ТРАМП ВО ОЧЕКУВАЊЕ АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕС ДА ГО ПОТВРДИ БАЈДЕН ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

    ПЕНС МУ ГО СВРТЕ ГРБОТ НА ТРАМП ВО ОЧЕКУВАЊЕ АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕС ДА ГО ПОТВРДИ БАЈДЕН ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛТрамп одржа говор пред Белата куќа и уште еднаш истакна дека никогаш нема да признае изборен пораз (Фото: АП)

    Доналд Трамп уште еднаш нагласи дека никогаш нема да признае пораз додека Сенатот и Претставничкиот дом почнаа ретка заедничка седница која треба да заврши со потврдувањето на Џо Бајден за нов претседател на САД. Ова би можело да се одолжи, откако повеќе од сто конгресмени од шест сојузни држави најавија дека ќе поднесат приговори, следејќи ги постојаните неосновани тврдења на Трамп за изборни нерегуларности.

    И покрај притисокот од Трамп, потпретседателот Мајк Пенс, кој церемонијално претседава со седницата, изјави дека не може да ја сврти или одбие изборната победа на Бајден. Лидерот на Републиканците во Сенатот, Мич Меконел, исто така му го сврте грбот на Трамп и ги осуди своите колеги кои упорно се обидуваат да ја оспорат победата на Бајден, велејќи дека би можеле засекогаш да ѝ наштетат на земјата.

    Трамп се обрати пред илјадници свои приврзаници кои прво се собраа во паркот Елипс покрај Белата куќа, пред да се упатат кон зградата на Конгресот.

    „Никогаш нема да се предадеме, никогаш нема да признаеме пораз. Не можеш да признаеш пораз кога има кражба. На нашата земја ѝ беше доста и нема веќе да го трпиме ова“, кажа Трамп, опишувајќи го Бајден како нелегитимен претседател.

    Илјадници припадници на полицијата и на Националната гарда се распоредени околу Капитол, каде што тензиите се зголемуваат откако демонстрантите се обидоа да ги пробијат барикадите и да влезат во зградата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира