Патнички авион со повеќе од 50 луѓе исчезна од радарот набргу по полетувањето од главниот град на Индонезија, Џакарта.
Сајтот за следење авионски летови „Флајтрадар24“ објави дека „боинг 737-500“ на локалниот авиопревозник „Сривиџаја ер“ за помалку од една минута изгубил висина од 3.000 метри. Тој летал за Понтијанак во провинцијата Западен Калимантан.
Министерството за транспорт соопшти дека покренале спасувачка операција.