Режисерот Тејлор Норвуд, авторот на документарниот филм за холивудската ѕвезда Робин Вилијамс, вели дека можеби се потребни построги протоколи за тоа како да се соопшти за самоубиство, особено кога станува збор за славни личности. Документарецот „Желбата на Робин” ја прикажува борбата со деменцијата во последните години од животот на Вилијамс, а наратор е неговата трета сопруга Сузан Шнајдер-Вилијамс. Робин Вилијамс се самоуби на 63 години во 2014.
„Се јавува тој притисок веднаш да се објасни што се случило, дури и кога нема доволно податоци“, вели документаристот. Тој го посочува примерот со правилата во Американската војска, каде функционира целосен протокол за тоа што треба да се преземе кога има самоубиство.
„Ништо не се објавува додека не излезе извештајот на судскиот вештак“, вели тој.
Норвуд смета дека треба да има национален или меѓународен протокол за да се соопшти дека некој починал поради самоубиство.
„Треба да оставиме медицинските лица да си ја завршат работата и да се спроведе истрага. Тоа е нешто што војската го практикува не толку од хумани причини, туку од морални. Така се овозможува полесно да ја примите веста на крајот, кога сѐ е познато. Медиумите треба да смислат како ќе соопштат. На пример, ако утре умре Том Хенкс, смислете 1.000 зборови без да ги знаете сите детали. Јас ги разбирам новинарите, но мора да сфатат дека тоа е процес кој прави повеќе штета“ , вели Норвуд во интервјуто за „Индипендент“.