По повод 30 години на колумната „Сакам да кажам“ и пет години од основањето на дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК, од денеска можете бесплатно да ја инсталирате мобилната апликација СДК.МК.
Отсега вестите можете да ги имате секогаш со вас на вашите мобилни телефони.
Содржината на апликацијата вклучува дневни вести, истражувачки стории, интервјуа, оригинални фотографии на домашни теми, како и светски вести од сите полиња на социјалниот живот.
Редакцијата има сопствена дописничка мрежа која покрива локални приказни на дневна основа.
Апликацијата ја вклучува и најпопуларната и најдолготрајната колумна во историјата на македонското новинарство „Сакам да кажам“ на Горан Михајловски.
Преземете ја мобилната апликација: