КАЈ ПОЧИНАТ СУДСКИ ДОСТАВУВАЧ ВО ФИОКА НАЈДЕНИ 1.500 НЕДОСТАВЕНИ ПРЕДМЕТИ, ДЕСКОСКА АЛАРМИРАШЕ ЗА ВАКВИ СЛУЧАИ УШТЕ ПРЕД ГОДИНА ДЕНА

    КАЈ ПОЧИНАТ СУДСКИ ДОСТАВУВАЧ ВО ФИОКА НАЈДЕНИ 1.500 НЕДОСТАВЕНИ ПРЕДМЕТИ, ДЕСКОСКА АЛАРМИРАШЕ ЗА ВАКВИ СЛУЧАИ УШТЕ ПРЕД ГОДИНА ДЕНАЈавниот обвинител Љубомир Јовески, министерот за правда Бојан Маричиќ и претседателот на Судски совет Киро Здравев. (архивска фотографија)

    Обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска откри дека кај починат судски курир биле најдени недоставени над 1.500 платни налози со што државниот буџет бил оштетен за 20 милиони денари, во емисијата „Стадион“ на радиото „Канал 77“. Како што кажа Русковска, за ова била известена пред некој ден од Судскиот совет и верува дека не станува збор за изолиран случај.

    „Пред некој ден од Судски совет добив известување дека починал некој курир и кај него во фиока откриени се преку 1.500 платни налози, за прекршоци, за мандатни казни… и со тоа за 20 милиони денари е оштетен буџетот, и тоа зборувам за еден вработен само, којзнае колку има други вакви случаи“, кажа Русковска.

    Во истата емисија гостуваше и министерот за правда Бојан Маричиќ, кој кажа дека „најверојатно за одредена мала парична награда службеник не вршел достава на платни налози, но не верувам дека службеникот може сам ова да го прави, обично е тоа заеднички потфат, и затоа мора да се реформираме“.

    Маричиќ кажа дека владата има план да се испитаат сите релации на судиите и на обвинителите, но и дека треба да се види улогата на администрацијата, на стручните служби, бидејќи “коруптивното однесување е најчесто организирано, па затоа има вмешани и вработени од администрацијата“.

    Сепак, ваквото откритие на Судскиот совет не доаѓа како изненадување, особено што поранешната министерка за правда Рената Дескоска алармираше токму за вакви случаи уште пред повеќе од една година.

    Во ноември 2019, судската администрација протестираше незадоволна што доби помало зголемување на додатоците на плата од судиите. Дескоска тогаш кажа дека судиите и судската администрација го креваат гласот само кога се во прашање пари, а никогаш кога има сомневања за криминал во нивните редови. За сомневањата за криминал, меѓу другото, таа тогаш кажа:

    „Слушаме за примери во кои судски доставувачи возат подобри автомобили од судии во некои судови“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира