Ѓоко Дончев, eден од доајените на македонската народна музика, ненадејно почина вчера во Скопје, соопшти денеска неговото семејство, пренесе агенцијата МИА. Имаше 72 години.
Роден валандовчанец, Дончев ја одбележа златната ера во македонската народна музика, со активна кариера над 25 години, а најпознати песни му се „Чуј ги куме свирачите“, „Сношти Кате“, „О, доме мој“ и многу други.
Ќе биде погребан утре на градските гробишта во Бутел.