ОД 73 ИЛЈАДИ ОЗДРАВЕНИ ОД КОРОНАВИРУС ВО ЗЕМЈАВА, 729 ДОНИРАЛЕ КОНВАЛЕСЦЕНТНА ПЛАЗМА

    ОД 73 ИЛЈАДИ ОЗДРАВЕНИ ОД КОРОНАВИРУС ВО ЗЕМЈАВА, 729 ДОНИРАЛЕ КОНВАЛЕСЦЕНТНА ПЛАЗМАAнтителата на оздравените се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со ковид-19, велат трансфузиолозите. (Фото: СДК.МК)

    729 лица кои оздравеле од ковид-19 во земјава донирале конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со ковид-19. Обезбедени се вкупно 802 единици конвалесцентна плазма, а досега се третирани 661 пациент, вели Институтот за трансфузиона медицина.

    Од почетокот на коронакризата во земјава регистрирани се 88.938 лица, оздравеа 73.601, починаа 2.702, а  активни случаи се 12.635.

    „Да им помогнеме на лицата кои се борат со коронавирусот, да донираме конвалесцентна крвна плазма, . Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со ковид-19“, апелираат трансфузиолозите.

    Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од ковид-19 и да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест за потврда дека нема присуство на вирус. Формуларот е достапен на следниов линк.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира