КИНЕСКИ РУДАРИ ЗАРОБЕНИ ПО ЕКСПЛОЗИЈА ПРЕД СЕДУМ ДЕНА ИСПРАТИЈА ПОРАКА ДЕКА СЕ ЖИВИ

    КИНЕСКИ РУДАРИ ЗАРОБЕНИ ПО ЕКСПЛОЗИЈА ПРЕД СЕДУМ ДЕНА ИСПРАТИЈА ПОРАКА ДЕКА СЕ ЖИВИОд 22-цата рудари кои биле на смена не е позната судбина на десетмина (Фото: Шатерсток)

    Кинеските власти кажаа дека 12 рудари заробени под земја по експлозија пред една недела се сѐ уште живи. Тие успеале да испратат порака „не се откажувајте од нас“ седум дена по инцидентот во рудникот за злато во провинцијата Шандонг во источна Кина, Судбината на останатите десет рудари кои тогаш биле на смена не е позната.

    Експлозијата од 10 јануари ги оштети излезот и системот за комуникации во рудникот, кој сѐ уште бил во изградба. Инцидентот бил пријавен дури 30 часови подоцна, поради што беше сменет локалниот шеф на Комунистичката партија.

    Државните медиуми објавија дека спасувачите успеале да остварат контакт со дел од рударите. Тие испратиле порака дека 12-мина од средната секција на рудникот се живи, барајќи да им бидат испратени лекови и завои. Рударите рекле и дека нивото на подземните води е покачено.

    Рударски несреќи се честа појава во Кина и главно се резултат на слабите безбедносни регулативи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира