Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска именуваше нови 11 раководители на организациски единици во МВР.
Примислав Димовски повторно е вратен на чело на единицата Алфи во МВР, а Лазе Велковски, кого исто така го смени поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, пак е именуван за началник СВР Скопје.
„Смените ги направив врз основа на мојата и проценката на мојот, согласно политичкиот договор на четирите партии, со единствена задача до изборите МВР да функционира нормално. Да се обезбедат услови за фер и демократски избори да се остварат сите функции согласно Законот за внатрешни работи, да се сочува јавнито ред и мир, безбедноста на граѓаните и да не дозволиме МВР да биде алатка во рацете на која било од политиките партии, туку напротив, да биде во интерес на граѓаните и да создаде услови граѓаните слободоно да донеат одлука за следните парламентарни избори“, изјави министерот Спасовски.
Смените се направени во седум сектори за внатрешни работи, во одделот за организиран криминал, секторот за прикриени информации и на единицата алфи.
Според измените во Законот за Влада, минитерот Спасовски може да направи смена на 15 раководни функции.