БЕРНИ САНДЕРС ЈА ИСКОРИСТИ ПОПУЛАРНОСТА НА МЕМЕТО ОД ИНАУГУРАЦИЈАТА ДА СОБИРА ПАРИ ЗА ХУМАНИТАРНИ ЦЕЛИ

    БЕРНИ САНДЕРС ЈА ИСКОРИСТИ ПОПУЛАРНОСТА НА МЕМЕТО ОД ИНАУГУРАЦИЈАТА ДА СОБИРА ПАРИ ЗА ХУМАНИТАРНИ ЦЕЛИИ Град Скопје направи меме со Берни Сандерс. (Фото: Град Скопје)

    Стилот на американскиот сенатор Берни Сандерс на инаугурацијата на претседателот Џо Бајден стана инспирација за безбројни мемиња, од кои не можеше да се избега изминативе три дена на интернет. Популарноста на сенаторот ја искористи и Град Скопје да се пофали дека поставиле нови клупи на 250 локации низ градот, илустрирајќи ја објавата на Фејсбук со меме од Сандерс како седи на клупа спроти Владата.

    Сандерс, пак, реши да ја искористи популарноста да собере пари за хуманитарни цели. На неговиот официјален сајт почна да продава џемпери со мемето по цена од 45 долари и сите приходи ќе одат за програмата „Оброци на тркала“, преку која се доставува храна на лица кои не можат сами да си купат или да си зготват.

    Џемперите со мемето се распродадоа за еден ден. (Фото: Берни Сандерс)

    Џемперите беа распродадени за еден ден, а и оние кои успеале да купат ќе почекаат 4 до 8 недели за испорака поради големата побарувачка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира