ПРИВЕДЕНИ 50 ЅИДАРИ, РАБОТЕЛЕ ИЛЕГАЛНО НА ГРАДИЛИШТЕТО НА ТУРСКАТА КОМПАНИЈА „ЛИМАК“ ЗАД РАМСТОР

    ПРИВЕДЕНИ 50 ЅИДАРИ, РАБОТЕЛЕ ИЛЕГАЛНО НА ГРАДИЛИШТЕТО НА ТУРСКАТА КОМПАНИЈА „ЛИМАК“ ЗАД РАМСТОРПолицијата и лани открила и протерала градежни работници без регулиран престој, кои работеле на црно во Македонија. (Фото:К.Попов)

    Полицијата од регионалниот центар за гранични работи Север приведе 50 странски градежни работници на градилиштето зад „Рамстор мол“, кои работеле подолг период таму, без документи.

    „Полицијата спроведе контрола на градежни објекти на странска фирма, меѓу булевар Кирил и Методиј и улицата Јордан Мијалков, поради сомнение дека повеќе странски државјани непријавени работат на објектите и незаконски престојуваат во Република Северна Македонија. Притоа, на објектите биле затекнати околу 50 странски државјани кои немаат регулиран престој и кои работат непријавени. Тие биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави“, одговорија од МВР.

    Оттаму велат дека не е првпат полицијата да открива градежни работници со нерегулиран престој, како на диво заработуваат во нашата држава. Пред една година МВР привела поголема таква група, но оваа состојба, во уште поголем број странски ѕидари, ја затекнаа и на градилиштето на „Лимак“.

    МВР сè уште проверува какви државјанства имаат затекнатите илегалци, но апсењето и комбињата на МВР, како што забележа фоторепортерот на САКАМДАКАЖАМ.МК, се токму на градилиштето на „Лимак“, која е компанија од Република Турција.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира