Македонската ракометна репрезентација со уште еден пораз го заврши настапот на Светското првенство во Египет, со што ќе го забележи својот најслаб пласман на мундијалската сцена досега.
Македонија, која влета на првенството во последен момент по откажувањето на Чешка и настапи со значително подмладен состав, изгуби од Белорусија со 30:26, нејзин петти пораз, но прв со помалку од десет гола разлика. Единствената победа во шесте средби беше остварена над Чиле, што беше доволно за пласман во втората фаза.
Во конечниот поредок, Македонија ќе биде пласирана над 20. место. Досегашниот најслаб пласман беше 18. позиција, остварен на дебито на светските првенства пред 22 години во Египет.