РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ВО СЕНАТОТ ПОКАЖАА ЕДИНСТВО И НАВЕСТИЈА ДЕКА НЕМА ДА ГЛАСААТ ЗА ОТПОВИКУВАЊЕ НА ТРАМП

    РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ВО СЕНАТОТ ПОКАЖАА ЕДИНСТВО И НАВЕСТИЈА ДЕКА НЕМА ДА ГЛАСААТ ЗА ОТПОВИКУВАЊЕ НА ТРАМПСудењето на Трамп во Сенатот ќе почне на 8 февруари (Фото: Ројтерс)

    Четириесет и пет републикански сенатори го поддржаа неуспешниот обид да се спречи судењето за отповикување на Доналд Трамп и овој знак на единство во партијата навестува дека тој нема да биде осуден за поттикнување на побуна и насилство, поврзано со упадот во Конгресот на 6 јануари.

    Гласањето го предложи републиканскиот сенатор Ренд Пол, но демократите го блокираа обидот да се спречи судењето на Трамп со 55-45 во гласови, добивајќи поддршка и од петмина републиканци. Тоа е далеку од бројката од 17 републикански сенатори, колку што би биле потребни за отповикување на Трамп.

    „Ова е еден оние ретки случаи во Вашингтон кога пораз е всушност победа. Четириесет и пет гласови значи дека судењето за отповикување е пропаднато уште пред да почне“, изјави Пол.

    Тој и останатите републиканци сметаат дека судењето на Трамп е неуставно, зашто тој веќе ја напуштил Белата куќа.

    „Уставот не му дава право на Конгресот да отповикува обични граѓани“, изјави сенаторката Шели Мур Капито.

    Судењето на Трамп во Сенатот ќе почне на 8 февруари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира