И ТРГОВСКИОТ ЦЕНТАР „МАВРОВКА“ ЌЕ ДОБИЕ ЗЕЛЕН ПОКРИВ, ШИЛЕГОВ ВЕЛИ ДЕКА ЌЕ НЕМА КАФУЛЕ

    И ТРГОВСКИОТ ЦЕНТАР „МАВРОВКА“ ЌЕ ДОБИЕ ЗЕЛЕН ПОКРИВ, ШИЛЕГОВ ВЕЛИ ДЕКА ЌЕ НЕМА КАФУЛЕЗелениот покрив ќе биде со површина од 3.000 метри квадратни.(Фото: Град Скопје)

    Покривот на вториот кат на скопскиот трговски центар „Мавровка“ ќе стане зелен покрив. Градот Скопје, Општина Чаир и Здружението на сопственици на деловен простор „Мавровка“ денеска го презентираа проектот за уредување напуштениот и руиниран простор, кој е биде трет зелен покрив по оние на Градскиот трговски центар (ГТЦ) и Домот на градежници.

    Овој зелен покрив ќе биде најголем, со површина од 3.000 метри квадратни и се планира да бидат засадени над 40 различни видови садници.

    „Одбравме да го правиме овој зелен покрив од две причини. Првата е да го покажеме нашиот пристап на еднаквост на градот кон сите страни. Другата причина е да се надомести за уништеното зеленило со изградбата на барокните згради кои беа дел од проектот Скопје 2014”, рече градоначалникот Петре Шилегов.

    На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК дали на зелениот покрив кој ќе се прави со пари од буџетот на Градот ќе има кафуле, Шилегов рече „дефинитивно нема да имаме кафуле, туку ова ќе биде јавен простор“.

    Зелениот покрив ќе почне да се гради напролет, бидејќи допрва ќе се распишува тендерот за избор на фирма изведувач. Според проценките, ќе чини околу 300.000 евра.

    Проектот е на архитектот Бесиан Мехмети, автор на основното училиште „Киро Глигоров“ во Капиштец.

    К. СЕЛАМОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира