ОТПОВИКАНА Е МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДОРКА ВО ХРВАТСКА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОТПОВИКАНА Е МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДОРКА ВО ХРВАТСКА

    Претседателот Ѓорге Иванов ја отповика македонската амбасадорка во Хрватска Даниела Караѓозоска. Указот за нејзиното отповикување е објавен во Службен весник од средата, а мандатот на амбасадорката и завршува на 31 октомври.
    Од Министерството за надворешни работи изјавија дека на г-ѓа Караѓозоска и истекол мандатот, а нов амбасадор во Хрватска се уште не е именуван.
    Даниела Караѓозоска, беше позната по серија скандали за време на нејзиното амбасадорување.
    Синдикатот на македонската дипломатска служба минатата година во мај побара од министерот за надворешни работи Никола Поповски јавно да се огради од ставовите на македонската амбасадорка од Загреб затоа што ја прекршила Виенската конвенција за дипломатски односи. Имено, Караѓозоска тогаш на својот профил на Фејсбук истапила со огромно жалење за оставката на Гордана Јанкулоска по настаните во кумановско Диво насеље.
    Караѓозоска неколку пати влегуваше во конфликт и со хрватските медиуми, особено кога на тамошни трибини ги кажувала истите фрази за настаните од Куманово како фразите на тогашниот премиер Никола Груевски.
    Поради тоа, таа им станала невообичаено интересна, па објавија слики како возачот на македонската амбасада со кофа со сапуница го мие службеното возило пред зградата во која живее амбасадорката. Фотографијата ја испратиле нејзините соседи.
    За време на протестот на граѓаните што се придружија на Шарената револуција против аболицијата на претседателот Иванов пред Македонската амбасада во Загреб кон крајот на мај годинава, амбасадорката Караѓозоска рече дека тоа не биле Македонци, туку странска агентура.
    Даниела Караѓозоска пред да стане амбасадорка беше сопственичка на Дом за стари лица. Во младоста работела како стјуардеса во една од македонските авиокомпании. Политички се активира во ВМРО-ДПМНЕ и стана советник во Советот на град Скопје.
    На амбасадорската функција дојде како претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира