ВЛАДАТА ГО ЗАДОЛЖИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ДА ПОЧНЕ ПОСТАПКА ЗА НАБАВКА НА 200 ИЛЈАДИ КИНЕСКИ ВАКЦИНИ

    ВЛАДАТА ГО ЗАДОЛЖИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ДА ПОЧНЕ ПОСТАПКА ЗА НАБАВКА НА 200 ИЛЈАДИ КИНЕСКИ ВАКЦИНИМинистерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев во Струмица. (Фото: СДК.МК)

    Владата го задолжи Министерството за здравство да спроведе постапка за набавка на 200.000 единечни дози од САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против ковид-19 со преговарање без објавување оглас, соопштија од Владата по вечерашната седница.

    Станува збор за 200-те илјади вакцини од Кина, за кои што вчера министерот за здравство Венко Филипче кажа разговарале преку Кинеската амбасада во Скопје и дека чекаат детали во однос на договорот, цената и испораката.

    „Со заклучок на Владата Министерството за здравство доби задолжение да спроведе постапка за набавка на 200.000 единечни дози од САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против КОВИД-19 согласно со член 55 став (1) точка г) од Законот за јавните набавки, односно преку постапка со преговарање без објавување оглас. Станува збор за нова набавка на дополнителни количини покрај оние од КОВАКС механизмот од 833.000 дози на вакцина за кои Министерството за здравство изврши уплата на авансот и ја обезбеди финансиската гаранција, со што ги исполни финансиските обврски што произлегуваа по основ на склучениот Договор. Според најавите од КОВАКС механизмот првите количини од оваа набавка се очекува да бидат испорачани во првата половина на февруари“, се вели во соопштението.

    Од Владата велат и дека Министерството за здравство е во завршна фаза од директните разговори со производителот „Фајзер“ за набавка на уште 800.000 единечни дози за сукцесивна испорака на договорените количини во наредните месеци од кои првите во февруари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира