СЕЛАТА ВО ОПШТИНА КАРБИНЦИ ЌЕ ГО РЕШАТ ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ЗА НАРЕДНИТЕ 100 ГОДИНИ СО НОВАТА ФИЛТЕР СТАНИЦА

    СЕЛАТА ВО ОПШТИНА КАРБИНЦИ ЌЕ ГО РЕШАТ ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ЗА НАРЕДНИТЕ 100 ГОДИНИ СО НОВАТА ФИЛТЕР СТАНИЦАСо новата филтер станица, Општина Карбинци ќе добива 40 литри вода во секунда, двојно повеќе од досега (Фото: СДК.МК)

    Над 2.200 жители од потплачковичките села во Општина Карбинци ќе го решат проблемот со водоснабдувањето во наредните 100 години со изградбата на новата филтер станица, чија реализација е при крај.

    Таа ќе ја обработува водата од хидросистемот „Злетовица“. До филтер станицата е инсталиран цевковод, низ кој ќе протекуваат 40 литри вода во секунда. Се предвидуваат и 18 километри посебна цевководна мрежа до десетина села во општината.

    „Општина Карбинци со вода се снабдува преку бунари, со капацитет од 20 литри во секунда. Од мај, кога се очекува филтер станицата да проработи, ќе се добиваат двојно повеќе, 40 литри“, изјави градоначалникот Јордан Насев.

    Тој смета дека со ова не само што долготрајно ќе се реши проблемот со водоснабдувањето, туку жителите кои ќе бидат приклучени уште во првата фаза ќе добиваат квалитетна и чиста вода за пиење. Според динамиката на изградбата, филтер станицата ќе се стави во функција четири месеци пред определениот рок.

    „Станува збор за модерна филтер станица, која ќе располага со современа опрема за ултрафилтрација на водата. Опремата е добиена и чека монтажа. Новата филтер станица е искуство од Словенија и чини 105 милиони денари, што се обезбедени со помош на Управата за водостопанство при Министерството за земјоделство и шумарство“, вели Насев.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира