ХРВАТСКА ПОРАДИ КОРОНАКРИЗАТА НАЈАВИ ОДЛОЖУВАЊЕ НА ПОПИСОТ НА НАСЕЛЕНИЕТО

    ХРВАТСКА ПОРАДИ КОРОНАКРИЗАТА НАЈАВИ ОДЛОЖУВАЊЕ НА ПОПИСОТ НА НАСЕЛЕНИЕТОТочниот термин на пописот ќе зависи од епидемиолошката ситуација во земјата

    Хрватска најверојатно ќе го одложи пописот на населението, што треба да се одржи од 1 април до 7 мај, а причината за тоа е кризата со коронавирусот. Ова го најави координаторот за пописот во Државниот завод за статистика (ДЗС) Дамир Плесац, кој кажа дека одложувањето ќе биде на неколку месеци.

    „Точниот термин на пописот ќе се одреди согласно епидемиолошката ситуација во земјата“, изјави Плесац за телевизијата „Н1“.

    Хрватска за првпат ќе воведе опција за попис по дигитален пат, покрај традиционалниот начин со попишувачи на терен.

    И покрај одложувањето, во ДЗС се уверени дека пописот ќе биде завршен до крајот на годината.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира