Легендарниот приватен детектив Џек Паладино, чии клиенти беа и политичари и славни личности, почина од повредите здобиени при обид за грабеж. Седумдесет и шестгодишниот Паладино паднал и ја удрил главата од асфалт кога пред својот дом во Сан Франциско се борел со двајца мажи кои сакале да му ја украдат камерата.
Полицијата кажа дека Паладино самиот ја разјаснил својата смрт благодарение на фотографиите од камерата. Тој успеал да ги сними напаѓачите додека бегале, што помогнало да бидат фатени.
„Тој би сакал да го знае ова. Ги фатија благодарение на него“, изјави вдовицата на Паладино, Сандра Садерленд.
Паладино и Садерленд ја отворија својата детективска агенција во 1977 година и во наредните децении заедно решаваа случаи. Меѓу познатите личности кои го ангажираа Паладино беа Бил Клинтон, Харви Вајнстин, Робин Вилијамс, Кевин Костнер и Кортни Лав, но и семејството на 14-годишно момче, кое постигна мултимилионска спогодба со Мајкл Џексон околу обвинувањата за злоставување. Паладино неколку години го истражуваше и масовното самоубиство на култот Џонстаун во Гвајана.