ПОЧНУВА ИСПЛАТАТА НА ПАРИТЕ ОД МОЈ ДДВ ЗА ПОСЛЕДНИТЕ МЕСЕЦИ ОД 2020

    ПОЧНУВА ИСПЛАТАТА НА ПАРИТЕ ОД МОЈ ДДВ ЗА ПОСЛЕДНИТЕ МЕСЕЦИ ОД 2020Граѓаните ќе ги добијат парите за скенираните сметки од октомври, ноември и декември 2020. (Фото: К. Попов)

    Почнува процесот за исплаќање парите од Мој ДДВ за октомври, ноември и декември од 2020 година, соопшти Управата за јавни приходи.

    Согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица, на граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата МојДДВ за последното тримесечје од 2020,  ќе им се исплати дел од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки.

    Во последното тримесечје од 2020 скенирани се 67. 272 456 фискални сметки, вкупниот промет е 33.398.562.346,00 денари, а на граѓаните ќе им се вратат околу 382 милиони денари односно околу 6,1 милиони евра.

    Управата го почна проектот на 1 јули 2019 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира