Треба да престанеме со предвремени избори оти ја стопираат свекупната македонска економија, вели премиерот Зоран Заев за барањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за предвремени парламентарни избори заедно редовните локални избори во октомври. Заев на денешната промоција на инвестиција на компанијата „Контихидропласт“ во Гевгелија, на новинарсо прашање кажа дека токму предвремните избори ги стопираат ваквите производствени капацитети.
„Државата има јасен правец по кој се движи, европеизацијата продолжува, сите тешки одлуки кои се донесоа во минатато беа заради економскиот стандрад на народот, за отворање на нови работни места, да ги мотовираме инвеститорите да инвестираат, да го зголемуваат својот извоз. Секое предвремено истрчување на избори значи кочење на ваквите процеси“, рече премиерот.
Редовните парламентарни избори се во 2024 и треба да опстоиме на тоа, додаде тој.
„Дотогаш треба сите, ама буквално сите, и јас, и претседателот на државата, и извршната власт да ги засукаме ракавите и да работиме. Само така ќе имаме поголеми плати, извоз и работни места“, кажа Заев.
Б. НЕСТОРОСКА