„АЛКАЛОИД“ РЕГИСТРИРАШЕ НОВО ДРУШТВО ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

    „АЛКАЛОИД“ РЕГИСТРИРАШЕ НОВО ДРУШТВО ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА„Алкалоид“ АД Скопје е присутен во Британија преку продажба на фармацевтски производи (Фото: СДК.МК)

    „Алкалоид“ АД Скопје регистрираше ново друштво во Велика Британија, „Alkaloid UK Limited“, кое е во стопроцентна сопственост на компанијата.

    Менаџментот на компанијата донесе ваква одлука поради излегувањето на Велика Британија од Европска Унија, а со цел да се зајакнат постојните позиции на пазарот.

    „Алкалоид“ АД Скопје е присутен во Велика Британија преку продажба на фармацевтски производи, чија вредност во минатата година изнесувала 313 милиони денари.

    „Алкалоид“ АД Скопје на овој начин продолжува да ја остварува својата главна стратешка определба и да се развива како извозно ориентирана компанија со стабилна пазарна позиција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира