ЗА ИСТ ГРАФИТ НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ЌЕ ГО СУДАТ ЧЕТИРИ ПАТИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Прилеп,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗА ИСТ ГРАФИТ НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ЌЕ ГО СУДАТ ЧЕТИРИ ПАТИ

    „Апсурдно е за ист графит да добиете дури четири прекршочни пријави. Апсурдно е да ве товарат дека со него сте ги загрозиле учесниците во сообраќајот кога улицата на која беше испишан беше затворена за сообраќај“, вака прилепскиот адвокат Жарко Стеваноски ги коментира четирите прекршочни пријави што против него ги поднела прилепската полиција до Основниот суд во Прилеп. Се работи за фамозниот графит „ЧЕ СИ ЛЕЖИТЕ” во чие пишување пред општинската зграда учествуваше и адвокатот како активист на Шарената револуција за време на протестите.

    „Во секојдневното протестирање се практикуваше да се испише овој графит на улицата пред општина Прилеп. Јас ни на суд нема да одрекувам дека го пишував, но со тоа не загрозив учесници во сообраќајот зашто улицата за време на протестите беше затворена, а по протестите ЈКП ‘Комуналец’ со цистерна со вода ја чистеше улицата“, вели Стеваноски за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Тој се товари дека направил прекршоци по член 191 од Законот за безбедност во сообраќајот така што со графитот ги заслепувал учесниците во сообраќајот и го одвраќал нивното внимание во мера што била штетна по безбедноста во сообраќајот. Во членот се вели „прекршок прави оној кој на пат поставува табли, знаци, светла, столбови и други предмети со кои се засенува или намалува видливоста на сообраќајните знаци или кои со своите форми, боја, изглед личат на сообраќајни знаци.”

    Стеваноски се товари дека го прекршил Законот за безбедност во сообраќајот така што со графитот ги заслепувал учесниците во сообраќајот и го одвраќал нивното внимание.

    Стеваноски се товари дека го прекршил Законот за безбедност во сообраќајот така што со графитот ги заслепувал учесниците во сообраќајот и го одвраќал нивното внимание.

    „Еден ист графит беше испишуван четири дена. Законот дозволува спојување на постапката за исти дела, но тоа тука не е случај. Поднесени се 4 барања за прекршочна постапка. Сметам дека тоа е направено така заради висината на глобите“, вели Стеваноски.

    Тој на суд треба да се јави на 10 октомври.

    Но, настанот има и подлабока историја. Овој адвокат подолго време поднесува кривични пријави до ОЈО во Прилеп против прилепскиот градоначалник Марјан Ристески за наводни злоупотреби во работата. Стеваноски го пријави Ристески и други одговорни лица од општината за дела поврзани со легализација на стан на ќерка на раководителот за урбанизам, вујко на ексминистерот Миле Јанакиевски.

    По ова, и градоначалникот против адвокатот поднесе пријави до ОЈО за лажно пријавување. Дел од пријавите против Стевановски се отфрлени.

    Активистот од Прилеп е дел од поголемата група учесници во Шарената ревоволуција против кои беа поднесени прекршочни пријави. Повеќемина битолчани добија прекршочни пријави заради фрлање со боја по општината Битола.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира