ЗАЕВ НАЈАВИ ШИРОК ФРОНТ СО НЕПАРТИСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗА ИЗБОРИТЕ НА 11 ДЕКЕМВРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗАЕВ НАЈАВИ ШИРОК ФРОНТ СО НЕПАРТИСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗА ИЗБОРИТЕ НА 11 ДЕКЕМВРИ

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев најави широк фронт на изборите на 11 декември, составен од „сите партии на левицата и центарот, индивидуалци, интелектуалци, поединци и граѓани“. На денешниот 20. Конгрес на СДСМ, Заев најави и дека на претстојните избори, најверојатно, ќе има уште еден опозициски блок, составен од десните партии.

    „Се прават напори десните партии и партиите со десна провиненција и профилација да одат со посебен опозиционен блок, а ние вечерва донесовме заклучок, со којшто СДСМ, сите партии од левицата и центарот ќе влезат во широк фронт во сојуз со индивидуалци, со интелектуалци, со поединци, со граѓани на оваа наша Македонија. И, заедно сите предводени од оние за којшто постоиме како политички субјекти, граѓаните“, кажа Заев на конгресот.

    Активистот на Шарената револуција Павле Богоевски беше еден од говорниците на конгресот на СДСМ. (Фото: Фејсбук)

    Активистот на Шарената револуција Павле Богоевски беше еден од говорниците на конгресот на СДСМ. (Фото: Фејсбук)

    Активистот на Шарената револуција Павле Богоевски, кој беше еден од говорниците на конгресот, исто така, повика на широк фронт на партиите и граѓаните на претстојните избори.

    „Битката за Македонија, драги соборци и соборки, можеме да ја добиеме само заедно. Партиите, рамо до рамо со непартиските граѓани“, порача Богоевски.

    Покрај коалиционите партнери на СДСМ, на конгресот беа присутни и Лилјана Поповска од ДОМ, Павле Трајанов од Демократски сојуз и Фијат Цановски од ПЕИ. На конгресот беше присутен и поранешниот лидер на СДСМ и поранешен претседател Бранко Црвенковски, кој влезе заедно со актуелниот лидер Зоран Заев.

    Заев ги презентираше и два плана – 180 и 24, според кои би работела новата влада, ако победат на изборите.

    „ПЛАН 180, тоа е план за се што новата Влада ќе спроведе во првите 180 дена или 6-те месеци. 180 има своја симболика, тоа е општество сосема спротивно од ова денеска што го имаме. Донесовме исто така, ПЛАН 24, тоа е план за итните реформи во периодот од 24 месеци, или 2 години“, рече тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира