ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ЏЕЗ МУЗИЧАР ЧИК КОРИЈА

    ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ЏЕЗ МУЗИЧАР ЧИК КОРИЈАКорија има освоено 23 Греми награди, најмногу меѓу џез музичарите (Фото: ЕПА)

    Легендарниот американски клавијатурист и композитор и најнаградуван џез музичар Чик Корија почина на 79 години од редок вид на рак, што неодамна му бил откриен. Тој лани го издаде последниот албум во плодната кариера долга пет децении.

    Корија е четвртиот најноминиран уметник во историјата на Греми наградите со 65 номинации, од кои 23 пати триумфирал, најмногу меѓу џез музичарите.

    Корија свирел со Мајлс Дејвис во 1960-ите, а потоа основал своја група која стана предводник на џез фјужн движењето, експериментирајќи со различни жанрови и стилови. Тој исто така бил дел од голем број музички проекти, а со еден од нив настапи и на Скопски џез фестивал во 2009 година.

    Во својата порака до фановите непосредно пред да почине, Корија кажа:

    „Би сакал сите оние кои имаат и најмала желба за свирење, пишување музика или настапување да го прават тоа, ако не за нив, тогаш за сите нас останати. Не дека на светот му требаат уште уметници, туку зашто така е позабавно“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира