ТЕТОВЕЦ ВОЗЕЛ СО 300 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС И СЕ СНИМАЛ, КАЗНЕТ СО 400 ЕВРА

    ТЕТОВЕЦ ВОЗЕЛ СО 300 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС И СЕ СНИМАЛ, КАЗНЕТ СО 400 ЕВРАПолицијата го казни и со одземање возачка дозвола до една година. (Фото: СДК.МК)

    Полициски службеници на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај откриле и санкционирале тетовец кој возел со 300 километри на час, се снимал со камера додека возел, а снимката ја објавил на социјалната мрежа Тик-ток.

    „24-годишниот тетовец Б. Ј., возач на патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, околу 12 часот и 30 минути на автопатот Гостивар-Тетово се движел со брзина од 300 километри на час, се снимал, а потоа видеото го поставил на социјалната мрежа Тик-ток. Согласно член 36 точка 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, изготвен му е поднесок и тој ќе се соочи со парична глоба од 400 евра во денарска противвредност, а ќе му биде изречена и заштитна мерка – времено одземање на возачката дозвола до една година“, соопшти СВР Тетово.

    Тетовската полиција вчеравечер од 21 до 23 часот, со употреба на таканаречен ноќен радар спровела уште една контрола за брзина со која се движат возилата, при што биле изречени 27 мерки за неприлагодена брзина во населено место, односно за пречекорување на брзината за 30 до 50 и над 50 километри на час повеќе од максимално дозволената.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира