СУДОТ МУ ИЗРЕЧЕ КУЌЕН ПРИТВОР НА МИЈАЛКОВ, ПОЛИЦИЈАТА НЕ МОЖЕ ДА ГО НАЈДЕ

    СУДОТ МУ ИЗРЕЧЕ КУЌЕН ПРИТВОР НА МИЈАЛКОВ, ПОЛИЦИЈАТА НЕ МОЖЕ ДА ГО НАЈДЕВо петокот, Сашо Мијалков си замина слободен од Основниот кривичен суд Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Полицијата не може да го најде првообвинетиот за масовното прислушување во „Тврдина-Таргет“, Сашо Мијалков, откако викендов судот донел решение за заострување на мерките на претпазливост со куќен притвор. Синоќа, поранешниот директор на УБК бил побаран на адресата што му ја оставил на судот да му биде врачено решението за куќен притвор, но тој не бил најден. Неофицијално, МВР го бара, меѓутоа од Мијалков сè уште нема трага. САКАМДАКАЖАМ.МК го побара Мијалков за изјава, но телефонот му е исклучен.

    Во петокот, до доцните вечерни часови колку што траеше давањето на завршни зборови на одбраната не беше поднесен предлог за куќен или ефективен притвор за никој од групата обвинети, па ни за Мијалков. Од Основниот кривичен суд Скопје тој си замина слободен.

    На барање на обвинителството викендов е донесено решението за куќен притвор само за Мијалков, а не и за другите обвинети. Изрекувањето на пресудата за Мијалков, кој е обвинет за злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување е закажано за 26 февруари.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира