РЕЦЕПТИТЕ СО УПАТ ОД СПЕЦИЈАЛИСТИ ЌЕ ВАЖАТ И ВО МАРТ И АПРИЛ, ВЕЛИ ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО

    РЕЦЕПТИТЕ СО УПАТ ОД СПЕЦИЈАЛИСТИ ЌЕ ВАЖАТ И ВО МАРТ И АПРИЛ, ВЕЛИ ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВОЛани на хроничните болни им беше продолжена важност на специјалистичките извештаи за да можат да добиваат терапија. (Фото: К. Попов)

    Рецептите од специјалистите не постари од 1 декември 2019 ќе важат и во март и април 2021, велат од Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) за САКАМДАКАЖАМ.МК. Неодамна беше најавено дека специјалистичките извешати не постари од 1 декември 2019 ќе важат до 1 март 2021. Пациентите реагираат дека не наоѓаат слободни термини кај специјалистите преку Мој термин.

    По почетокот на коронакризата лани во март, сите закажани термини за прегледи преку Мој термин беа суспендирани, а на хроничните болни им беше продолжена важноста на специјалистичките извештаи  со цел да добиваат терапија.

    „Има некои специфики на кои треба да се доработи, ние за тоа интензивно разговаравме и на еден од следните состаноци на Управниот одбор ќе се реши. Но тоа треба да биде составен дел од некои други одлуки, затоа поминаа неколку дена во координација“, вели министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има измени во одлуката на ФЗОМ.

    „Доколку медицинскиот извештај, е со датум не постар од 01.12.2019 година тогаш може да се пропишат само рецепти чија важност започнува во тек на 02., 03. и 04. месец 2021 година. Овие правила важат и ретроградно за рецептите пропишани од 01.02.2021 година“, ни рече Ирфан Лимани, директор на Секторот за комуникации во ФЗОМ.

    Лимани вели дека мерките кои по својата содржина се поврзани и директно зависат од редовното функционирање на системот на здравствена заштита, се правото на продолжување на привремена на спреченост за работа (боледување), до остварување на правото на лекови, ортопедски помагала итн. Сите овие права на осигурениците зависат од редовното работење на здравствените установи, како од нивото на примарната здравствена заштита, така и од нивото на специјалистичко-консултативната и болничката здравствена заштита.

    Поради тоа што, како што вели тој, здравствениот систем сѐ уште не функционира на редовен начин и со полн капацитет, а осигурениците не можат секојпат да дојдат до потребен слободен термини преку електронскиот систем, важењето на специјалистичките извештаи, отпусните писма и конзилијарните мислења (во понатамошниот текст: медицински извештаи) ќе се врши на следниот начин:

    Продолжување на хронична терапија и издавање на ортопедски помагала:

    • Од 01.01.2021 година со важност ќе бидат медицинските извештаи со датум не постар од 01.09.2019 година. Тоа значи дека осигурениците за да ги остварат горенаведените права ќе биде потребно да ги обноват соодветните специјалистички извештаи/конзилијарни мислења. За отпусното писмо постаро од 01.09.2019 година ќе биде потребно да се достави соодветен специјалистички извештај/конзилијарно мислење за остварување на горенаведените права.
    • Од 01.02.2021 година со важност ќе бидат медицинските извештаи со датум не постар од 01.10.2019 година. Тоа значи дека осигурениците за да ги остварат горенаведените права ќе биде потребно да ги обноват соодветните специјалистички извештаи/конзилијарни мислења. За отпусното писмо постаро од 01.10.2019 година ќе биде потребно да се достави соодветен специјалистички извештај/конзилијарно мислење за остварување на горенаведените права.
    • Од 01.03.2021 година со важност ќе бидат медицинските извештаи со датум не постар од 01.12.2019 година. Тоа значи дека осигурениците за да ги остварат горенаведените права ќе биде потребно да ги обноват соодветните специјалистички извештаи/конзилијарни мислења. За отпусното писмо постаро од 01.12.2019 година ќе биде потребно да се достави соодветен специјалистички извештај/конзилијарно мислење за остварување на горенаведените права.
    • Од 01.04.2021 година со важност ќе бидат медицинските извештаи со датум не постар од 01.12.2019 година. Тоа значи дека осигурениците за да ги остварат горенаведените права ќе биде потребно да ги обноват соодветните специјалистички извештаи/конзилијарни мислења. За отпусното писмо постаро од 01.12.2019 година ќе биде потребно да се достави соодветен специјалистички извештај/конзилијарно мислење за остварување на горенаведените права.

    Што се однесува до постапката на пропишување лекови од Листата на лекови кои паѓаат на товар на ФЗО на рецепт од страна на матичен лекар, негова замена или рурален лекар, а за кои е потребна претходна препорака од лекар специјалист/субспецијалист или конзилијарно мислење, а во врска со горе наведената важност на медицинските извештаи, потребно е од страна на лекарот да се внимава на следното:

    При пропишување на лекови за акутна терапија и наркотика (опијати), „датумот на пропишување“ на рецептот треба да биде во периодот на важноста на медицинскиот извештај (горе наведена за време на важењето на времените мерки за ковид-19).

    Пример: за лекови кои лекарот ги пропишува на рецепт во текот на 03 месец 2021 година (т.е. „датум на пропишување“ во тек на 03. месец 2021 година), датумот на медицинскиот извештај, врз основа на кои се пропишува лекот, не треба да е постар од 01.12.2019 година. Соодветно е и за другите месеци.

    – При пропишување на лекови за хронична терапија на рецепт „датумот на важност“ на рецептот треба да биде во периодот на важноста на медицинскиот извештај (горе наведена за време на важењето на времените мерки за Цовид 19). На ова посебно треба да се внимава од страна на лекарот при пропишување на наведените лекови на рецепти за лекување на хронични болести за повеќемесечна терапија.

    Пример: при пропишување на овие лекови на рецепт во 02 месец 2021 година, „датумот на пропишување“ ќе биде во 02 месец 2021 година, но ќе треба да се внимава на тоа колку рецепти ќе се издадат за дозволениот период од 180 дена, во зависност од датумот на медицинскиот извештај, каде е дадена препораката за лекот, и тоа:

    – доколку медицинскиот извештај, е со датум не постар од 01.10.2019 година, тогаш ќе може да се пропишат само рецепти чија важност започнува во тек на 02. месец 2021 година.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира