99-ГОДИШНИОТ ПРИНЦ ФИЛИП ПРЕНЕСЕН ВО ДРУГА БОЛНИЦА НА ДОПОЛНИТЕЛНИ ИСПИТУВАЊА ЗА СРЦЕТО

    99-ГОДИШНИОТ ПРИНЦ ФИЛИП ПРЕНЕСЕН ВО ДРУГА БОЛНИЦА НА ДОПОЛНИТЕЛНИ ИСПИТУВАЊА ЗА СРЦЕТО99-годишниот принц беше примен во болницата „Крал Едвард Седми“ на 17 февруари откако му се слоши. (Фото: Гети)

    Британскиот принц Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора, денеска е пренесен од една лондонска болница во друга за третман на инфекција и срцеви проблеми, соопшти Бакингемската палата.

    99-годишникот беше примен во болницата „Крал Едвард Седми“ на 17 февруари откако му се слоши. Тој помина таму 14 дена, што е негов најдолг престој во болница досега, пред да биде пренесен во болницата „Свети Вартоломеј“, каде што докторите ќе продолжат да му ја лекуваат инфекцијата, но и ќе му направат тестови за срцевите проблеми кои што ги има од претходно.

    Неговиот внук, принцот Вилијам вели дека дедо му е „ок“ и дека болничкиот персонал се грижи за него. Кралицата Елизабета Втора и принцот Филип ја примија првата доза од вакцината против ковид-19 во јануари 2021 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира