БРИТАНСКИ СОЈ НА КОВИД-19 ИМА БОЛНИОТ ВРАТЕН ОД ЗАНЗИБАР, УТРЕ ЌЕ СЕ ЗНАЕ РЕЗУЛТАТОТ ОД ВТОРИОТ ПАЦИЕНТ

    БРИТАНСКИ СОЈ НА КОВИД-19 ИМА БОЛНИОТ ВРАТЕН ОД ЗАНЗИБАР, УТРЕ ЌЕ СЕ ЗНАЕ РЕЗУЛТАТОТ ОД ВТОРИОТ ПАЦИЕНТУтре ќе се анализира брисот на вториот пациент од Битола кој исто така патувал за Занзибар. (Фото: СДК.МК)

    Британскиот сој на коронавирусот е откриен кај пациентот кој пред неколку дена се врати од Занзибар, Африка, а утре ќе се анализира брисот на вториот пациент со ковид кој исто така патувал за Занзибар, соопшти Министерството за здравство.

    „Според анализите што денеска ги направи МАНУ на брисот од пациентот кој пред неколку дена се врати од Занзибар, детектирано е присуство на на вирусот СарсКов2. Во текот на утрешниот ден ќе биде извршена анализа на вториот пацинет кој исто така патувал за Занзибар. Тој е ковид позитивен и исто така е хоспитализиран“, соопшти Министерството.

    65-годишниот битолчанец кој претходно престојувал со сопругата во Занзибар, со позитивен тест на коронавирус од понеделникот е хоспитализиран во Струшката болница за нефрологија. Два дена пред да се вратат со сопругата од Занзибар, пројавиле симптоми на ковид-19. Мажот е хоспитализиран со бубрежни оштетувања, а сопругата била хоспитализирана во Скопје.

    Обата пациенти се под сомнеж дека се разборлеле од јужноафриканскито сој на ковид-19. Јужноафриканскиот сој (Б.1.351) е пронајден во најмалку 20 држави. Се појавил во октомври и има потенцијално позначајни промени во шилестиот протеин. Тоа вклучува мутација наречена Е484К, која му помага на вирусот да ги избегнува антителата во имунолошкиот систем.

    Во Струшката болница, пациентот е изолиран во посебна болничка соба. Половината од медицинскиот персонал од вкупно 210, го имаат прележано коронавирусот. Околу 20-тина чекаат да бидат повикани за да ја примат вакцината „Фајзер“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира