ЗАЕВ НЕ ДОЧЕКА ИНТЕРПЕЛАЦИЈА ОД ОПОЗИЦИЈАТА, САМ ПОБАРА ДА СЕ ГЛАСА ЗА ДОВЕРБА НА ВЛАДАТА

    ЗАЕВ НЕ ДОЧЕКА ИНТЕРПЕЛАЦИЈА ОД ОПОЗИЦИЈАТА, САМ ПОБАРА ДА СЕ ГЛАСА ЗА ДОВЕРБА НА ВЛАДАТААко се изгласа доверба на Владата, во наредните 90 дена нема да може да се поставува тоа прашање, т.е. нова иницијатива за доверба. Ако нема доволно гласови за доверба, таа паѓа.(Фото:СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев пред утврдување на дневниот ред во Собранието, сам и усно побара да се гласа доверба на Владата.

    Претседателот на Собранието Талат Џафери должен е за ваквото со Устав овозможено право на премиерот односно на Владата, да го извести претседателот на Македонија Стево Пендаровски.

    „Ова е моментот кога треба да видиме колку може да ѝ се верува на опозицијата која постојано тврди дека ќе ја урне Владата и ќе формира нови мнозинство. Со лажни вести и блокади се создава политичка несигурност. Нема да го дозволам тоа“, кажа Заев.

    Според член 217 од собранискиот Деловник, Собранието гласа за доверба на Владата по предлог на 20 пратеници, по истекот на третиот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба, што значи во сабота. Но во истиот член дадена е можност во случај кога прашањето за доверба го поставува премиерот, како што е моменталниот случај, пратениците да гласаат за доверба на истата седница, без расправа. Заев ќе има право да му се обрати на Собранието.

    Денеска Џафери ги евидентираше како присутни сите 62 пратеника од владејачкото мнозинство.

    За координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на Алијанса на Албанците, со овој гест Владата сака да го покрие слабото работење последниве неколку месеци, а потоа да си продолжи да си тера по старо.

    Ако се изгласа доверба на Владата, во наредните 90 дена нема да може да се поставува тоа прашање, т.е. нова иницијатива за доверба. Ако нема доволно гласови за доверба, таа паѓа.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира