„Архангел“, еден од најзначајните албуми за македонската музика воопшто, денеска одбележа 30 години од излегувањето.
Објавен две години откако фронтменот Ристо Вртев ја оформи групата „Архангел“, албумот бил снимен во Скопје, но излезе под етикетата на издавачката куќа „Хаос“ од Белград во 1.000 примероци. Автор на сите десет песни на албумот е Вртев, а продуцент и инженер на звукот бил Тоше Поп-Симонов.
Излегувајќи во предвечерието на осамостојувањето на Македонија, албумот ги обележа генерациите од 1990-ите и со тек на време се здоби со култен статус, промовирајќи ја групата во една од највлијателните појави на домашната музичка сцена.
Албумот беше повторно објавен во 2000 година.