ОД ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ НЕМА И ЦРНОГОРСКА И СЛОВЕНЕЧКА МУЗИКА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОД ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ НЕМА И ЦРНОГОРСКА И СЛОВЕНЕЧКА МУЗИКА

    ЗАМП објави дека од 10 октомври (понеделник) е забрането и емитување на црногорска и словенечка музика на сите радио и телевизиски станици на територијата на Македонија на барање на организациите ПАМ од Црна Гора и САЗАС од Словенија.

    „Ве известуваме дека на седница на Управниот одбор на организациите ПАМ-Црна Гора и САЗАС-Словенија е одлучено да се забрани користење на нивниот музички репертоар на сите радио и телевизиски станици на територија на Република Македонија. Согласно известувањето оваа забрана стапува на сила почнувајки од 10.10.2016 година, а ЗАМП Македонија е овластена да ги превземе сите потребни мерки за спроведување на забраната и заштитата на правата на членовите на ПАМ и САЗАС. а врз основа на склучените мегусебни договори за реципроцитет“, соопшти ЗАМП.

    Од 20 септември е забранета македонската музика, а од 1 октомври е забрането и емитување на српска музика

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира