ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ, ВМРО-НП, ЛДП, ЛЕВИЦА И СДСМ ПРЕДЛОЖИЈА ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ЗА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА

    ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ, ВМРО-НП, ЛДП, ЛЕВИЦА И СДСМ ПРЕДЛОЖИЈА ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ЗА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦАПавле Трајанов од ДС на прес-конференција во Собранието кажа дека останува пропорционалниот модел, нема да има изборен праг и пресметката на пратеници ќе се одвива преку Донтовиот количник. (Фото: СДК.МК)

    Пратеници од Демократски сојуз, ВМРО-НП, ЛДП, Левица и СДСМ денеска го поднесоа Предлог законот за измени и дополнувања на Изборниот законик, со кој ако биде усвоен Македонија ќе има само една изборна единица на следните парламентарни избори, наместо шест изборни единици, како што досега се бираа пратеници.

    Како што кажа Павле Трајанов од ДС на прес-конференција во Собранието, останува пропорционалниот модел, нема да има изборен праг и пресметката на пратеници ќе се одвива преку Донтовиот количник.

    Со предложените законски измени, Трајанов верува дека ќе се демонтира еднопартиското владеење во нашата држава, а Собранието ќе биде реален одраз на определбата на граѓаните и ќе има можност повеќе партии да одлучуваат за круцијалните прашања, ќе се создадат основи за системски промени, за департизација, за деполитизација на државните институции и можности да се отвори робустна борба против криминалот и да се реализираат битни промени.

    Пратеникот Димитар Апасиев од Левица рече дека ќе ја поддржеле оваа иницијатива без разлика на предлагачот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира