ШТИПСКА АПЕЛАЦИЈА ГО ПОТВРДИ ДОЖИВОТНИОТ ЗАТВОР ЗА СТРУМИЧАНЕЦОТ КОЈ УБИ ДВАЈЦА И ТЕЛАТА ГИ ФРЛИ ВО БРАНАТА ТУРИЈА

    ШТИПСКА АПЕЛАЦИЈА ГО ПОТВРДИ ДОЖИВОТНИОТ ЗАТВОР ЗА СТРУМИЧАНЕЦОТ КОЈ УБИ ДВАЈЦА И ТЕЛАТА ГИ ФРЛИ ВО БРАНАТА ТУРИЈАОдлуката на Апелациониот суд во Штип е заедничка и за двете убиства. (Фото: СДК.МК)

    Апелациониот суд Штип ја потврди казната доживотен затвор за струмичанецот Маријанчо Велев, кој од Основниот суд Струмица беше осуден за убиство на две лица. По убиствата, тој телата ги фрлил во браната Турија кај Струмица.

    Правосилно осудениот, првото убиство го извршил есента 2018 година, а наредната година и второто, откако претходно склучил купопродажен договор со жртвите и кога во различно време дошле во неговата работилница во село Добрејци да бидат исплатени тој ги усмртил со пиштол, па телата ставени во канти и во буриња ги фрлил во браната Турија.

    55-годишниот струмичанец од Основниот суд Струмица беше осуден на доживотен затвор за убиство на струмичаните А. Мицев и Р. Иљашев, кои до лани се водеа за исчезнати, а нивните тела беа пронајдени во браната Турија. Со обдукцијата и со извештајот на Судската медицина од Скопје се утврдило дека и двете жртви биле застрелани од еден пиштол со исти куршуми и од исти калибар, а телата во браната биле пронајдени во непосредна близина.

    Одлуката на Апелациониот суд во Штип е заедничка и за двете убиства. На оваа пресуда, осудениот има право на жалба во рок од 15 дена до Врховниот суд.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира