ТРЕБА ДА СЕ СТАВИ РЕД И ПОРЕДОК ВО АРАЧИНОВО, ИМА ИЗРАЗИ НА НАСИЛСТВО КОГА ТРЕБА ДА СЕ НАПЛАТИ ДАНОК НА ИМОТ, ВЕЛИ ЗАЕВ

    ТРЕБА ДА СЕ СТАВИ РЕД И ПОРЕДОК ВО АРАЧИНОВО, ИМА ИЗРАЗИ НА НАСИЛСТВО КОГА ТРЕБА ДА СЕ НАПЛАТИ ДАНОК НА ИМОТ, ВЕЛИ ЗАЕВЗаев рече и дека руралните општини како Арачиново потешко го наплаќаат овој данок, за разлика од урбаните општини, каде што, според него, е полесно да се наплати. (Фото: Влада)

    Во Арачиново има многу често изрази на насилство кога се бара да се наплати данок на имот и треба да се стави ред и поредок, кажа премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на ТВ Сител. Според истражувањето на невладината организацијата Центар за граѓански комуникации за наплата на данок на имот за 2017, 2018 и 2019 година, Општина Арачиново воопшто не наплаќа данок на имот, а образложението е дека немаат база на податоци на даночни обврзници, ниту даночно одделение.

    „Се плаќа, ама многу малку. Таму има многу често изрази на насилство кога се бара да се наплати данокот на имот и треба да се стави ред и поредок. Тоа е изворен приход на општината и треба да го направи тоа. Општина Арачиново никогаш не се развивала како што развива од 2017 година наваму. Но, ќе кажам под наводници, со државни пари. Се решаваат историски прашања, школи се реновираат, општинска зграда се гради, се гради канализација, се изгради резервоар во едно од селата во општините, се прават улици, улично осветлување“, рече Заев.

    За данокот на имот премиерот вели дека е 2 отсто од приходот на општините, но, како што кажа, поважна е пораката дека граѓаните треба да плаќаат данок за да се гради инфраструктура во општините. Тој рече и дека руралните општини како Арачиново потешко го наплаќаат овој данок, за разлика од урбаните општини, каде што, според него, е полесно да се наплати.

    „Но, апелирам граѓаните да си ги плаќаат давачките кон општините, тоа не се многу пари еднаш годишно се плаќа“, рече Заев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира