070/075/077-141-700 СЕ ТЕЛЕФОНИТЕ ЗА ПОМОШ И ЗАШТИТА ОД СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

    070/075/077-141-700 СЕ ТЕЛЕФОНИТЕ ЗА ПОМОШ И ЗАШТИТА ОД СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАСАпликацијата за помош и поддршка на жртвите на насилство „Биди безбедна” е достапна на три јазици: македонски, албански и ромски. (Фото: МТСП)

    Вечерва во 22 часот почнува полициски час во цела држава и затоа жртвите на семејно насилство кои имаат потреба од помош, поддршка и заштита од семејно насилство прво да се јават на Националната бесплатна мобилна СОС линија за жртви на семејно насилство 070/075/077-141-700 или да побараат помош на мобилната апликација „Биди безбедна“ (BE SAFE) , апелира Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

    Линијата обезбедува 24-часовна точна, навремена и доверлива информација за заштита на жртвите, достапните услуги и телефонско советување на жртвите на родово базирано насилство и семејно насилство.

    Апликацијата за помош и поддршка на жртвите на насилство „Биди безбедна” е достапна на три јазици: македонски, албански и ромски.

    „Преку оваа апликација на семејно насилство и родово базирано насилство брзо и едноставно нека побараат помош и поддршка, без разлика на времето и местото на кое се наоѓаат кога се во опасност или кога сакаат да имаат потреба од поддршка“, вели МТСП.

    Преку следните линкови може да ја спуштите апликацијата на секој паметен телефон.

    Хуавеј: https://appgallery.cloud.huawei.com/ag/n/app/C103316455locale=en_US&source=appshare&subsource=C103316455

    Андроид: https://play.google.com/store/apps/details?id=budi.sigurna.mk&hl=en_US

    Apple: https://apps.apple.com/us/app/%D0%B1%D0%B8%D0%B4%D0%B8-%D0%B1%D0%B5%D0%B7%D0%B1%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B0/id1536775532#?platform=iphone

    „МТСП и останатите институции координирано постапуваат и преземаат конкретни мерки за заштита на жртвите согласно законските надлежности за итно и должно постапување и за време на полициски час. Стручните лица од центрите за социјална работа имаат дозвола за непречено движење и за време на полициски час, со цел жртвите да ја добијат потребната заштита и поддршка. Сите кои сакаат да пријават насилство тоа треба да го сторат и за тоа не им е потребна посебна дозвола. Тие непречено можат да се движат до најблиската полициска станица“, додаваат од Министерството.

    Линк за контакт на Ццентар за социјална работа (ЦСР): http://www.mtsp.gov.mk/institucii.nspx

    Со одлука на Владата, полицискиот час од денес до 22 март ќе трае секој ден од 22 часот до 5 часот, а се воведува на барање на Комисијата за заразни болести заради спречување на ширење на ковид-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира