НЕМА НАЗНАКИ ДЕКА ВАКЦИНАТА НА „АСТРАЗЕНЕКА“ ПРЕДИЗВИКУВА ТРОМБ, КАЖАА ЕВРОПСКИТЕ РЕГУЛАТОРИ ОТКАКО ДЕВЕТ ДРЖАВИ ПРЕКИНАА ДА ЈА КОРИСТАТ

    НЕМА НАЗНАКИ ДЕКА ВАКЦИНАТА НА „АСТРАЗЕНЕКА“ ПРЕДИЗВИКУВА ТРОМБ, КАЖАА ЕВРОПСКИТЕ РЕГУЛАТОРИ ОТКАКО ДЕВЕТ ДРЖАВИ ПРЕКИНАА ДА ЈА КОРИСТАТВо Европа се пријавени 30 случаи на „тромбоемболичен настан“ по примањето на оваа вакцина (Фото: ЕПА)

    Нема никакви назнаки дека вакцината против ковид-19 на Оксфорд и „АстраЗенека“ е поврзана со зголемен ризик од згрутчување на крвта, соопшти Европската агенција за лекови (ЕМА), задолжена за одобрување вакцини во Европска Унија.

    Таа додаде дека бројот на вакви случаи кај вакцинирани луѓе не е повисок отколку во општата популација. ЕМА се огласи откако девет европски земји, вклучувајќи ги Австрија, Данска, Италија и Норвешка, објавија дека привремено ја прекинуваат употребата на вакцината, што уследи по извештаите дека кај неколку луѓе се појавило згрутчување на крвта откако ја примиле оваа вакцина.

    „Моментално нема назнаки дека вакцинирањето ги предизвикало овие состојби, кои не се наведени како несакани споредни ефекти на оваа вакцина“, објави Европската агенција за лекови.

    Меѓу пет милиони луѓе во Европа кои ја примиле оваа вакцина пријавени се 30 случаи на „тромбоемболичен настан“, при што во Данска и Австрија починало едно, а во Италија две лица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира