АВТОСТОПЕРСКА ВЛАДА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:76:"НаГлигоровнемакојдамугоносиговорот

    1. Ситуацијата станува сериозна. Направивме трет парламент, а веќе заличуваме како да сме имале парламентарна демократија 100 години. Со душа го чекав првото собирање на новите народни избраници, да можам да напишам нешто интересно, а тоа – комплетно разочарување. Како да гледав примопредавање на власта во некоја западноевропска земја.
    Најголемо разочарување ми приреди Никола Кљусев. Од него очекував поголем прилог за составувањето на Сакам да кажам. Со ревност ги следев изјавите и на позицијата и на опозицијата. Сите беа ОК. Па, добро мислеше ли овој народ кога гласаше за сопствената забава. Неделава, кога од технички причини, не ни го прикажаа Латас на ТВ Сител, требаше да ни се случи барем една хумористична епизода. Ако вака продолжат, како што почнаа, ќе умреме од здодевност.
    Единствената светла точка беше Ѓорѓи Наумов од ВМРО-ДПМНЕ. Тој ни соопшти дека со законот за избори што ќе го донесе неговата партија, ќе им овозможи на иселениците да гласаат. Бидејќи според неговите претпоставки, тие ќе гласале за ВМРО-ДПМНЕ, тоа значи дека неговата партија ќе владее вечно. И комунистите беа за вечно владеење. Ама и Наумов, со умот, нешто не е многу далеку од нив.

    2. Новиот претседател на Собранието, Саво Климовски, веднаш по изборот требаше да почне да ги спроведува протоколарните обврски. Како втор човек, по Претседателот на државата, од службата за протокол му рекле дека треба да се појави на аеродром и да го испрати претседателот Глигоров за Берлин. Арно ама, Климовски не го испрати претседателот, туку закажа прес-конференција. Новиот претседател на Собранието се навредил зашто претседателот на државата неколку часа пред тоа не му го честитал изборот.
    Така, Глигоров немаше кој да го испрати. Ама, од тоа што го видовме на телевизија, изгледа дека нема ни кој да му ги носи материјалите и весниците за по пат. Сиромашката госпоѓа Нада, покрај бундата што мораше да ја носи на себе, мораше во рака да ги држи и материјалите и весниците на нејзиниот сопруг. Што е сигурно, сигурно е. Подобро е таа да се грижи за говорите, отколку пак да му најдат некоја советничка.

    3. Да задоцнеше авионот на Глигоров барем половина час, ќе имаше шанса на паркингот пред аеродромската зграда да се сретне со претседателот на ДА, Васил Тупурковски и да го праша како напредува со часовите по клавир. Циле брзаше да го врати пратеничкиот мандат зашто требаше да го фати првиот авион. Да потраеше уште малку седницата, Циле ќе го пропуштеше авионот. Сé уште не сме му влезени во трагата во која важна западноевропска земја отишол да ја собира милијардата долари. Од Скопје отпатувал за Рим, ама којзнае каде зафатил понатаму. Овојпат никој не го следеше.
    Ако навистина му успее в година да стане претседател на државата, тогаш Саво Климовски, ако сака да го почитува протоколот, ќе мора Собранието да го пресели на скопскиот аеродром. Белким нема севезден да ги прекинува седниците за да го испраќа и пречекува Циле. Вака, ќе даде пауза од петнаесет минути за консултација во пратеничките групи и ќе го пречека Циле. По неколку часа, ќе даде пауза за ручек и ќе оди да го испрати.
    Туку, што ќе правиме ако Циле се задржи повеќе од 24 часа во земјата. Тогаш ќе напишеме дека претседателот на Македонија допатувал во еднодневна официјална посета на Македонија.

    4. Слушам дека во автобусот не било толку весело како што беше кога тргна од пред скопската кафеана “Идадија.” И станало тесно, немало доволно места. Не дека патниците се замориле од патот, ама почнале да им пречат луѓето што се качувале на попатните станици. И сега има патници што платиле билет уште од првата станица, има и патници кои се качувале по пат. Љубчо возел, Циле бил кондуктер, ама патниците биле незадоволни од услугата. Сите би сакале од автобусот директно да се истоварат пред зградата на Владата. И тие што најмногу патувале и платиле најскапи билети и тие што се шверцувале со помала цена. А што е најтрагично, може да се случи да не влезат ни едните ни другите. Ќе им го земат местото тие што возачот и кондуктерот ги собрале како автостопери.
    Еве, дури и Амди Бајрам сака да се качи во автобусот на Љубчо и Циле. Слезе од 19-ката за Шутка и сака да се вози во помодерен автобус. Којзнае како во СДСМ ќе го преболат ова предавство на Бајрам. Шеќеринска сигурно ќе свика прес-конференција, Ханџо ќе запее таговна песна, а Бранко ќе облече црна ролка.
    Ама, Амди Бајрам е бескрупулозен. Тој е сега со ДА. Што ќе му е дружбата со СДСМ кога во парламентарните клупи му го нема пријателот Игњат Богдановски и магарето со кое ќе можат пак да си пијат виски како во старите добри времиња?

    5. Пред аптеките имаме митинзи од пензионери и болни кои чекаат лекови. Тоа е знак на почит кон наследството што им го остави бившиот министер за здравство Петар Илиевски.
    На “Алкалоид” Фондот му должи 13 милиони марки за лекови. А “Силекс” е подмирен за храната со којашто ги снабдуваше болниците во времето кога социјалистите го држеа ресорот за здравство. И сега, кој го тоа направи на болните? Наместо да си се разболеа сериозно, па да си лежеа во болница и да си се хранат од храната на Ѕинго, тие сега сакаат лекови во аптека. Едно треба да им биде јасно. Кој се храни добро, лекови не му се потребни.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира