ФРАНЦУЗИТЕ ЛАКАТОН И ВАСАЛ, ПОЗНАТИ ПО ОДРЖЛИВИ ПРОЕКТИ ЗА ДОМУВАЊЕ, ЈА ДОБИЈА ПРИЦКЕРОВАТА НАГРАДА ЗА АРХИТЕКТУРА

    ФРАНЦУЗИТЕ ЛАКАТОН И ВАСАЛ, ПОЗНАТИ ПО ОДРЖЛИВИ ПРОЕКТИ ЗА ДОМУВАЊЕ, ЈА ДОБИЈА ПРИЦКЕРОВАТА НАГРАДА ЗА АРХИТЕКТУРААн Лакатон и Жан-Филип Васал соработуваат повеќе од 30 години

    Ан Лакатон и Жан-Филип Васал, основачите на студиото „Лакатон и Васал“, се добитници на годинашната Прицкерова награда, највисокото признание во архитектурата. Француското дуо, познато по многубројните одржливи проекти за домување и галеријата за современа уметност „Палата Токио“ во Париз, соработува повеќе од три децении.

    „Зградите се убави кога луѓето се чувствуваат добро во нив. Архитектурата не треба да биде демонстративна или наметлива, туку треба да биде корисна и убава и тивко да го поддржува животот што ќе се одвива во неа“, изјави Лакатон.

    Соопштувајќи ги имињата на добитниците, Том Прицкер, претседателот на фондацијата „Хајат“, изјави дека приоритет на Лакатон и Васал секогаш бил да го збогатуваат човечкиот живот, што имало придобивки за поединецот и ја поддржувало еволуцијата на градовите.

    Тие го основале своето студио во 1987 година и заедно реализирале повеќе од 30 проекти во Европа и Западна Африка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира