82 ЛИЦА УБИЕНИ НА ПОГРЕБ ВО ВОЗДУШЕН НАПАД ВО ЈЕМЕН

a:1:{s:9:"td_source";s:26:"Сана,(Би-Би-Си)

    82 ЛИЦА УБИЕНИ НА ПОГРЕБ ВО ВОЗДУШЕН НАПАД ВО ЈЕМЕН

    Воздушен напад на саудиската коaлиција погоди сала за погреби во главниот град на Јемен Сана, убивајќи 82 лица, a повеќе од 500 се повредени, соопшти владата на бунтовниците Хути.

    Бунтовниците Хути се во војна со меѓународно признатата јеменска влада, која е поддржана од воената коалиција, предводена од Саудиска Арабија. Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти дека се подготвил за 300 жртви.

    Стотици делови од разнесени тела беа пронајдени во и околу салата за погреби по нападот. Еден од спасувачите, Мурад Тавфик, ја опиша сцената како „езеро од крв“, пренесе АП.

    Саудиската коалиција се уште не го искоментирала нападот. Погребот бил за таткото на министерот за внатрешни работи во владата на Хутите, Галал ал-Равишан, сојузник на поранешниот јеменски претседател Али Абдула Салех. Се верува дека се убиени и бројни функционери на бунтовниците.

    Меѓународно признатата на влада на претседателот Абдрабу Мансур Хади се бори против Хутите и против силите лојални на Салех. Илјадници цивили загинаа откако почна воздушната кампања, предводена од Саудиска Арабија, минатиот март. Речиси три милиони луѓе се раселени откако почна војната во 2014 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира