БИХ ДОБИ 23.400 ВАКЦИНИ НА „ФАЈЗЕР“ ПРЕКУ МЕХАНИЗМОТ КОВАКС

    БИХ ДОБИ 23.400 ВАКЦИНИ НА „ФАЈЗЕР“ ПРЕКУ МЕХАНИЗМОТ КОВАКСВакцините пристигнаа во денот кога БиХ забележа рекордна бројка новозаразени (Фото: Дневни аваз)

    Во Босна и Херцеговина денеска пристигнаа 23.400 дози од вакцината против ковид-19 на „Фајзер/Бионтек“, со што таа стана прва земја во регионот која добила вакцини преку меѓународниот механизам Ковакс.

    БиХ има нарачано 1,23 милиони дози преку овој механизам, за што плати 13 милиони долари и во наредниот период очекува да добие 26.000 вакцини на „АстраЗенека“.

    „Немаме точен датум кога ќе стигнат останатите вакцини, но нова голема пратка очекуваме во април“, изјави министерката за цивилни работи Анкица Гудељевиќ.

    Во изминатите 24 часа, во БиХ се регистрирани речиси 2.000 нови случаи на коронавирус, најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата, а 77 лица починале.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира