ХРВАТСКА ГО ОДЛОЖИ ПОПИСОТ НА НАСЕЛЕНИЕТО ЗА НАЕСЕН

    ХРВАТСКА ГО ОДЛОЖИ ПОПИСОТ НА НАСЕЛЕНИЕТО ЗА НАЕСЕНХрватската влада донесе ваква одлука поради актуелната епидемиолошка ситуација во земјата (Фото: Хина)

    Хрватска го одложи пописот на населението, што требаше да се одржи оваа пролет.

    Хрватската влада донесе ваква одлука поради актуелната епидемиолошка ситуација во земјата, па пописот ќе се спроведе во две фази наесен, од 13 септември до 17 октомври. Во првата фаза граѓаните на Хрватска ќе се попишуваат самостојно, преку интернет.

    Владата го задржува правото да утврди нови термини на пописот, доколку нема услови и за негово спроведување наесен.

    Во Хрватска повторно се зголемува бројот на нови случаи на коронавирус, па од владата најавија заострување на мерките.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира