БРИТАНИЈА ВО СЕПТЕМВРИ ЌЕ ПОЧНЕ ОДНОВО ДА ГИ ВАКЦИНИРА РАНЛИВИТЕ ГРУПИ ПРОТИВ НОВИ СОЕВИ НА КОРОНАВИРУСОТ

    БРИТАНИЈА ВО СЕПТЕМВРИ ЌЕ ПОЧНЕ ОДНОВО ДА ГИ ВАКЦИНИРА РАНЛИВИТЕ ГРУПИ ПРОТИВ НОВИ СОЕВИ НА КОРОНАВИРУСОТБританската влада очекува во септември да има на располагање осум различни вакцини. (Фото: Скај Њуз)

    Британците над 70 години ќе почнат да примаат вакцини против новите соеви на коронавирусот во септември, според планот на министерството за здравство. Министерот за вакцини Надим Захави вели дека првите дози ќе одат за четири приоритетни групи, вклучувајќи го персоналот во старечките домови, здравствените работници и хронично болните.

    Тој за британските медиуми изјави дека оваа вакцинација се очекува да започне во септември и дека владата очекува тогаш да има на располагање осум различни вакцини. Дел од тие осум вакцини ќе се произведува во Британија и тоа ќе ѝ помогне на земјата да ги намали тензиите со Европската унија поради недостигот на вакцини од „АстраЗенека“.

    Досега, над 29 милиони луѓе во Британија примиле барем една доза од вакцините против коронавирус, што е речиси половина од вкупната популација во земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира