ГРАЃАНИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ ВКЛУЧЕНИ ВО ДОНЕСУВАЊЕТО ОДЛУКИ ПОВРЗАНИ СО КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КАЖАА НА НАЦИОНАЛНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА КЛИМА ВО СКОПЈЕ

    ГРАЃАНИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ ВКЛУЧЕНИ ВО ДОНЕСУВАЊЕТО ОДЛУКИ ПОВРЗАНИ СО КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КАЖАА НА НАЦИОНАЛНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА КЛИМА ВО СКОПЈЕНа првиот ден беа споделени успешни практики од сите региони во Македонија низ проекти во земјоделство, екологија и шумарство

    Граѓаните треба ефективно да се вклучат во процесите за донесување одлуки поврзани со климатски промени, изјави Ана Чоловиќ-Лешоска, извршната директорка на Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ на првиот ден од Националната конференција за клима во Скопје. Таа е дел од тригодишниот проект „Да зборуваме за климатските промени“, што го организираат „Еко-свест“, CNVP и Движењето на екологисти на Македонија.

    „Ќе продолжиме да го анимираме граѓанското општество. Оваа година е клучна за многу закани што ќе го постават патот на нашата држава кон позелено општество. Идејата е да се зголемат капацитетот, транспарентноста и одржливоста на граѓанските организации од различни сектори преку формирање на коалиција за климатски промени на национално ниво. Целта на проектот е да се подигне свеста кај македонските граѓани за важноста на справување со климатските промени во сите сектори и на сите нивоа на одлучување“, рече Чоловиќ-Лешоска.

    Штефен Худолин, раководител на секторот за операции при Делегацијата на ЕУ, го поздрави одлично сработениот проект и нагласи дека Европската Унија и во иднина ќе ја поддржува Северна Македонија во заедничката европска борба со климатските промени.

    Ги поздравуваме заложбата и работењето на закон за климатски промени и посакуваме да почне да се применува што е можно побрзо“, кажа Худолин.

    Истакнувајќи дека секој од нас треба да го промени однесувањето, односно да го промениме општество преку нашите активности, учесниците се согласија дека мора да се размислува глобално, а да се дејствува локално.

    Проектот „Да зборуваме за климатските промени“ е финансиран од Европска Унија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира