Во изминатите 24 часа во Бугарија се регистрирани 203 починати од ковид-19, според официјалните владини податоци. Меѓу починатите се двајца мажи на 21 и 25 години.
Новозаразени се 4.497 од направени 9.044 тестови.
Изминатите 24 часа во Бугарија се вакцинирани 9.006, со што вкупниот број достигна 445.547, од кои 90.327 примиле по две дози.