ИТАЛИЈАНСКИОТ ПРЕМИЕР ДРАГИ И НЕГОВАТА СОПРУГА СЕ ВАКЦИНИРАА СО „АСТРАЗЕНЕКА“

    ИТАЛИЈАНСКИОТ ПРЕМИЕР ДРАГИ И НЕГОВАТА СОПРУГА СЕ ВАКЦИНИРАА СО „АСТРАЗЕНЕКА“Драги и сопругата Марија се вакцинираа во главната железничка станица во Рим (Фото: Ројтерс)

    Италијанскиот премиер Марио Драги и неговата сопруга Марија Серенела Капело денеска ја примија првата доза од вакцината на „АстраЗенека“, додека земјата ја засилува својата програма за имунизација против ковид-19.

    Италија беше меѓу земјите-членки на ЕУ кои неодамна привремено ја стопираа употребата на оваа вакцина поради загриженоста околу несакани ефекти.

    Драги и неговата сопруга, двајцата 73-годишни, се вакцинираа во големиот центар за имунизација поставен во главната железничка станица во Рим.

    Околу 3,04 милиони Италијанци се веќе целосно вакцинирани, а 3,6 милиони имаат примено една доза.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира