ОД СПОМЕНИКОТ НА БОРЦИТЕ ОД ГЕВГЕЛИЈА ОСТАНА САМО СТАРО ЖЕЛЕЗО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:50:"Гевгелија(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОД СПОМЕНИКОТ НА БОРЦИТЕ ОД ГЕВГЕЛИЈА ОСТАНА САМО СТАРО ЖЕЛЕЗО

    Споменикот на паднатите  борци од НОБ во Гевгелија „Цветот на слободата“ што се наоѓа на Мрзенски рид се распаѓа. Од маркантното дело на скулпторот Јордан Грабулоски изграден 1969 година останата  е само челичната конструкција. Споменикот е посветен на паднатите  95 борци од гевгелиската околија во борбата против фашизмот. 

     (Фото: СДК.МК)

    Од општина Гевгелија не одговорија кои мерки ќе бидат превземени за зачувување на споменикот на паднатите борци од НОБ. Не одговорија ни зошто до сега не е оплеменет просторот на Мрзенски рид каде што е дислоциран (Фото: СДК.МК)

    Од општинскиот одбор на Сојузот на борците од Гевгелија со години реагираат на институционалната негрижа кон спомениците посебно за „Цветот на слободата“ кој со својата големина, своевремено беше импозантно здание а сега е руина од железо. Овој споменик во согласност со авторот беше дислоциран заради изградба на автопатот кон граничниот премин Богородица и заради ископувањата на Вардарски рид каде првично беше подигнат.

    „Кога се дислоцираше беше ветено дека целиот простор ќе прерасне во рекреативен центар со зеленило, паркови, осветелени патеки но и пристапен пат до него. Но за жал ништо не е реализирано.  Од споменикот остана само металниот костур. Оставен е на забот на времето без грижа од институциите“, реагираа од Општинскиот одбор на борците од Гевгелија. 

    Од општина Гевгелија не одговорија кои мерки ќе бидат превземени за зачувување на споменикот на паднатите борци од НОБ. Не одговорија ни зошто до сега не е оплеменет просторот на Мрзенски рид каде што е дислоциран. 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира