СОБРАНИЕТО И ФОРМАЛНО ГО ОДЛОЖИ ПОПИСОТ ЗА СЕПТЕМВРИ

    СОБРАНИЕТО И ФОРМАЛНО ГО ОДЛОЖИ ПОПИСОТ ЗА СЕПТЕМВРИЗа измените на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите гласаа 95 пратеници, а против беа 12. (Фото: СДК.МК)

    По дводневна расправа, Собранието вечерва ги усвои законските измени за одложување на пописот од април за септември, нешто што беше договорено на лидерската средба на Заев и Мицкоски во понеделникот.

    За измените на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите гласаа 95 пратеници, а против беа 12. Немаше воздржани.

    Со ист број на гласови беа усвоени измените на Изборниот законик со кој се одложија локалните избори од првата за втората половина на октомври, а се изгласа и да се користат терминали за отпечатоци од прст на изборите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира