ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА АРГЕНТИНА ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС, ВО ФЕВРУАРИ ЈА ПРИМИЛ ВТОРАТА ДОЗА НА „СПУТНИК“

    ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА АРГЕНТИНА ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС, ВО ФЕВРУАРИ ЈА ПРИМИЛ ВТОРАТА ДОЗА НА „СПУТНИК“Алберто Фернандес се наоѓа во изолација и вели дека се чувствува добро (Фото: Ројтерс)

    Претседателот на Аргентина, Алберто Фернандес, кој се вакцинираше против ковид-19 со руската вакцина „спутник В“, објави дека имал позитивен тест за коронавирус.

    Откако добив температура од 37,3 степени и блага главоболка, направив антиген тест, кој излезе позитивен. Сега ги чекам резултатите на ПЦР тестот“, изјави Фернандес, кој токму вчера наполни 62 години.

    Тој се наоѓа во изолација и вели дека се чувствува добро. Од неговиот кабинет кажаа дека Фернандес на 11 февруари ја примил втората доза на „спутник В“.

    „Ако заразата биде потврдена, вакцинирањето обезбедува брзо заздравување, без сериозни симптоми. Ви посакуваме брзо заздравување“, му порача институтот „Гамалеја“, кој ја разви вакцината.

    Аргентина се наоѓа среде вториот бран на пандемијата, а во земјата досега починале 56.000 луѓе од ковид-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира